Синоќа во Сплит почина Владо Правдиќ, клавијатурист на Бијелo Дугме. Неговиот близок пријател ја потврди тажната вест за Дневни аваз. Владо почина во пресрет на неговиот 74 роденден, кој требаше да го прослави на 6 декември, а последните неколку месеци се бореше со тешка болест.
Од музичарот се прости и неговиот колега од Бијело Дугме, Ален Исламовиќ.
„Владо, да ти е лесна земја. Беше искрен и добар човек. Секогаш беше задоволство да се биде во твое друштво. Искрено сочувство до твоите деца и семејството каде и да се“, напиша Ален на Инстаграм.