Аеродромот во Минхен пак е затворен – летовите се прекинати поради замрзнат дожд

Аеродромот во германскиот град Минхен повторно е затворен, овојпат поради прогнозата за замрзнат дожд.

Аеродромот е затворен од синоќа, бидејќи се очекува летовите да не бидат безбедни поради замрзнат дожд, јавува Билд и наведува дека ќе бидат откажани 310 летови.

Аеродромот треба да биде повторно отворен денеска напладне. На аеродромот во моментов има стотина патници, главно туристи од странство, кои чекаат да се качат на своите летови.

Аеродромот во Минхен исто така беше затворен во саботата поради снегот, а портпаролот на аеродромот рече дека зимската служба исчистила околу 1,6 милиони кубни метри снег од четвртокот навечер, што вообичаено се расчистува во текот на зимата.