Русија уништила или пресретнала 35 украински беспилотни летала над Крим и Азовско Море

Руските власти денеска соопштија дека неутрализирале 35 украински беспилотни летала над анектираниот црноморски полуостров Крим и Азовското Море.

„Обидот на украинскиот режим да изврши терористички напад со помош на беспилотни летала минатата ноќ е спречен“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Се додава дека „22 украински беспилотни летала се уништени, а 13 се пресретнати“ над Азовското Море и Крим.