Англија е прв фаворит за титулата на ЕВРО 2024

Вчера во Хамбург беше одржана ждрепката за Европското првенство во 2024 година, а денеска обложувалниците ги објавија квотите за освојување на титулата на континенталниот шампионат.

Според нив, прв фаворит е Англија за која коефициентот изнесува 4,5, на второто место е Франција со 5, па Германија со 7, Шпанија со 8 и Португалија со 9.

Првата десетка ја комплетираат Белгија, Италија, Холандија, Данска и Хрватска.

Интересно е тоа што Англија никогаш не била европски шампион, а најголемиот успех го оствари на претходниот шампионат кога стигна до финалето и на пенали загуби од Италија.
Франција и Германија, кои се зад Англија, чекаат на континентална титула од 2000, односно 1996 година.

На Европското првенство, Англија ќе биде во група со Словенија, Данска и Србија.