Нетанјаху конечно ја откри крајната цел на Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на денешната прес-конференција изјави дека Израел ќе продолжи со копнените операции во Појасот Газа додека не се исполнат сите цели.

– Ќе ја продолжиме војната додека не ги постигнеме сите наши цели, а тие цели не можеме да ги постигнеме без копнени операции. Нема други начини за постигнување на овие цели освен победа, а нема друг начин да се победи освен успешна копнена операција – рече Нетанјаху, пренесе Си-Ен-Ен.

Тој повтори дека целите на Израел се да ги ослободи заложниците, да го искорени Хамас и да го спречи „владеењето на теророт“ во Газа.

Нетанјаху зборуваше за ослободените заложници, но одби да даде детали за условите во кои тие биле држени во Појасот Газа.

– Врз основа на собраните докази разбирате дека овие луѓе доживеале пекол – рече Нетанјаху.