Освен тетовската, екипи на противпожарна единица од Куманово, Скопје, Гостивар и Велес учествува во гасењето на пожарот во Tетовско, соопштија денеска од територијалната противпожарна единица.
– На барање на колегите на тетовската противпожарна единица и на Центарот за управување со кризи испративме екипа од кумановската противпожарна единица да помогне во гасењето на пожарот во фабрика, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.
На терен е едно противпожарно возило и петмина пожарникари.
Пожарот во фабриката за бои и лакови во тетовското Фалише избувнал утринава околу 10:30 часот. Покрај тетовските, во гаснењето на пожарот учествувале и пожарникари од Куманово, Скопје, Гостивар и Велес.