
Од Секторот за внатрешни работи Охрид информираат дека попладнево во 13.45 часот привеле три лица од струшкото село Велешта кои претходно пред Основниот суд во Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
„По целосно расветлување на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Инаку денеска во Основниот суд во Охрид беше објавена пресуда за случај со смртни последици, а пред зградата на Судот настанала тензична атмосфера меѓу семејствата на убиениот и обвинетиот, по што интервенирала полицијата.
Поради очекуваните тензии влезот во Судот не бил дозволен за двете страни. Обвинетиот е осуден на 15 години затворска казна.