Левица пак демолира во нашето Собрание.
Се случи инцидент во македонското Собрание, откако двајцата пратеници на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов го скршија компјутерот на заменик претседателот на Собранието, Горан Мисовски, а потоа се втурнаа кон него мавајќи го со хартиите од амандманите кои што партијата Левица ги поднела за измени на деловникот.
Крмов го кршеше компјутерскиот монитор и бараше прекин на седницата, а целиот инцидент следеше откако 87 пратеници не го прифатија барањето на Левица да се повлече деловникот од денешната расправа.
Крмов повторно се јави за процедурално и искршениот монитор го фрли на земја.
– Прекинете ја седницата, додека се случува ова, не може да има седница. Ова значи дека секоја следна Влада ќе може што сака да прави. Прекинете ја, ескалиравме на опремата, не сме избрани да молчиме, не сме избрани за посрани привилегии кои ги имаме пратеници, туку да ги штитиме интересите на овој народ – рече Крмов по што му ја одзеде картичката на Мисовски со која тој може да зборува преку микрофон.
– Што е ова бе, вака ли ќе се носат закони, ова да не се повторел црн петок, 27 април. Испаѓа дека со вас нема реазбирааее. Ајде тепајте ме. Не ми даваш ти право, народот ми дава право. Ајде, ќе ескалираме – додаде Крмов.
Нервозен, побара уште еднаш да се прекине седницата, а Мисовски му рече дека му истекло времето. Потоа се качи на бирото на Мисовски и почна да фрла со амандмани. Потпретседателот повторно даде пауза од половина час.