Исланд е вулкански активен: Дали може да се спречи црното сценарио?

Властите во Исланд планираат да изградат одбранбени ѕидови околу геотермална централа во југозападниот дел на земјата поради загриженоста поради очекуваната вулканска ерупција.

Се додава дека се подготвува изградба на голем насип кој треба да го пренасочи течењето на лавата околу електраната која ја снабдува целата држава со струја, пренесуваат медиумите.

Сеизмичката активност и подземните текови на лава се интензивираа во текот на викендот на полуостровот Рејкјанес во близина на главниот град Рејкјавик, поради што властите во саботата евакуираа речиси 4.000 луѓе од рибарскиот град Гриндавик, јавува Ројтерс.

Зачера им било дозволено да се вратат дома и да си ги соберат работите.

Речиси 300 земјотреси се регистрирани вчеррра меѓу полноќ и пладне, што е помалку од претходните два дена, но ризикот од вулканска ерупција и понатаму е висок.

Директорот на Нордискиот вулканолошки центар Рике Педерсен изјави дека помалиот интензитет на сеизмичка активност е вообичаен пред ерупцијата на вулкан.

– Никогаш не треба да се сфати како знак дека нема да има ерупција, рече таа.