Тројца Израелци се повредени, откако Хезболах лансира противтенковски проектили од Либан кон северот на Израел, јавуваат израелските медиуми, пренесе Телма.
Засега не е позната состојбата на повредените лица. Хезболах денеска презеде одговорност за повеќе од 10 ракетни и минофрлачки напади кон израелскиот север.
Израелските сили соопштија дека одговориле со артилериско гранатирање на изворите на огнот, а израелски ловци дејствувале врз позиции на Хезболах.
Израелските сили претходно соопштија дека собориле дрон за кој се сомневале дека полн со експлозив, откако ја минал границата меѓу Либан и Израел.