ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски потпишува меморандуми за брзи пруги, а дома нема еден функционален воз

„Се моли Димитар Ковачевски да се врати во Македонија за да не ја брука државата на отворена сцена. Едно со своите испади на винскиот саем во Србија, второ со своите изјави и постапки. Ковачевски потпишува меморандуми за брза пруга, а дома нема еден функционален воз кој му се сообраќа во Македонија“ реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат „Не може Ковачевски да зборува за непринципиелности од страна на Бугарија, бидејќи кога сите тоа му го говорат во Македонија тој ги обвинува за антиевропско однесување“.

„Ковачевски помалку да патува со цели свити и да арчи народни пари за да учествува на вински саеми, повеќе да се концентрира на работите во Македонија. Му преостануваат уште неколку месеци на власт, па редно е да реши барем еден од проблемите кои тој и неговата влада им ги донесоа на граѓаните“ стои во партиското соопштение.