Пунктовите за фотографирање и издавање на лични документи во Скопје ќе работат и на 29 и 30 ноември

Пунктовите за фотографирање и издавање на лични документи во Скопје ќе работат и на 29 и 30 ноември, иако Владата донесе одлука четврток да биде неработен ден, а среда државната и јавната администрација во Скопје да работи со скратено работно време.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните кои на 29 и 30 ноември имаат закажано термини за фотографирање и замена на лични документи во Скопје, дека пунктовите за издавање на лични документи ќе работат со полно работно време, што значи дека закажаните термини ќе бидат реализирани – се наведува во соопштението.

Ова доаѓа по одлуката донесена на вчерашната седница на Владата според која работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29 ноември (среда) треба да заврши во 12 часот, а 30 ноември (четврток) да биде неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје, како и за основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, поради одржувањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ.

Со цел непречено функционирање на процесот на замена и издавање на личните документи, службите за граѓански работи ќе работат редовно, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат закажаните термини.