Ќе се гради брза пруга од Ниш до Скопје

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најавил дека утре со македонскиот колега Благој Бочварски ќе потпишат Меморандум за изградба на брза пруга од Ниш до Скопје, за што двете земји заеднички ќе побараат средства од ЕУ.

-Ќе потпишеме Меморандум со Северна Македонија и јас сум особено горд на тоа, рекол Весиќ на телевизиско гостување.

Тој истакнал дека во тек е проектирањето на делницата Ниш – Прешево, долга 135 километри, а македонските партнери ќе ги проектираат „своите“ 50 километри од границата до Скопје.

Пругата, објаснува тој, ќе се модернизира и електрифицира, за брзини од 120 километри на час.