Цитатите по кои ќе го паметиме Жарко Лаушевиќ?

Српскиот актер Жарко Лаушевиќ по тешко боледување од карцином на белите дробови почина денеска. Она што е значајно е дека неговиот живот беше исполнет со многу моменти кои беа инспирација за книгата, напишана во затвор. Актерот во 90-тите беше во затвор во Србија, откако беше обвинет дека извршил двојно убиство со цел да го одбрани својот брат.

По поминатото време во затворската ќелија, тој долго време беше одалечен од театарот и филмот, но потоа се врати глумејќи во театарот и неколку серии.

Ова се неговите најпознати цитати.

Оние кои сакаат, никогаш не остаруваат, а дури и да остарат ќе умрат млади.

Пронајди срце кое ќе те сака кога си најлош и раце кои ќе те држат кога си најслаб.

Моето молчење додека луѓето зборуваат позади мојот грб, не значи дека не ги слушам, туку значи дека не го заслужуваат коментар.

Човекот секогаш е добар адвокат за своите, но и добар судија за туѓите грешки.

Зборовите може да бидат опасно оружје ако се во рацете на искусен војник.

Пандорината кутија не е ништо во споредба со лошото кое се крие во луѓето.