Гужви пред Пункотот за фотографирање за лични документи без закажуваше во спортската сала на Полициската станица Пролет.
Иако официјално Пунктот треба да биде отворен утре, граѓаните разбрале дека и денеска можат да добијат услуга, па пред спортската сала се направи долга колона. МВР се уште го тестира системот и не очекувале толкава навала денеска. Почнале да работат само со три кабини, но откако пред пункотот се направи гужва, службениците ги отвориле сите 12 кабини за сликање.
Најупорните чекаа и по три часа за да стасаат на ред.
Граѓаните кои допрва доаѓаа да фатат ред знаеја дека ќе чекаат со часови, но велат – лични документи мораат да извадат.
Пункт официјално ќе биде отворен утре и ќе работи од 8 до 18 часот. Сите оние кои не успеале да добијат термин за промена на личните документи ќе можат таму да се фотографираат. Потребна им е само банкарска картичка и да ги пополнат потребните формулари кои можат да ги земат во самиот пункт.