Косовските власти бараат поголемо присуство на КФОР во северниот дел од земјата
Арменд Мехај – министерот за одбрана на Косово во координација со Меѓународните безбедносни сили во земјата, КФОР, по руската воена агресија врз Украина, утрово се сретнал со командантот на КФОР, генерал-мајор Ференц Кајар. Мехај побарал поголемо присуство на трупите на КФОР во северниот дел на Косово, како и поголемо јакнење на неговиот контигент.
„Со генералот Кајар се согласивме да ја зголемиме координацијата меѓу институциите на државата и КФОР, како и да се зајакнат капацитетите и будноста на целата државна граница“ – напиша Мехај на Фејсбук.