(Видео) Болницата во Газа станува масовна гробница, расте бројката на загинати

Во Газа, Палестинците прават масовна гробница за да ги закопаат телата на загинатите во израелските воздишни напади. Израелските сили ја опколија болницата „Ал Шифа“.

Палестинците затекнати во најголемата болница во Газа денеска ископаа масовна гробница за да ги закопаат пациентите што настрадаа во израелските напади и рекоа дека нема план за евакуација на бебињата. Израел претходно вети дека ќе ги дислоцира бебињата. Ашраф ал-Кидра, портпарол на Министерството за здравство на Хамас во Газа, со кого „Ројтерс“ телефонски контактира во комплексот на болницата, рече дека внатре има 100-ина тела во фаза на распаѓање.

„Планираме да ги закопаме денес во масовна гробница во медицинскиот комплекс ‘Ал Шифа’. Тоа ќе биде многу опасно бидејќи немаме никакво покритие или заштита, но немаме друга опција бидејќи телата на мачениците почнаа да се распаѓаат“, изјави тој за „Ројтерс“.

Израел денеска објави дека нуди преносни инкубатори на батерии за да може бебињата да се преместуваат. Но, Ал Кидра рече дека досега не се преземени договори за да се изврши таква евакуација.

Палестинската терористичка група Хамас го негира присуството на борци таму и вели дека 650 пациенти и од 5.000 до 7.000 други раселени цивили се заробени во комплексот на болницата. Се вели дека 40 пациенти починале во последните денови, вклучително и три предвремено родени бебиња, чии инкубатори се исклучени по прекинот на струјата.

Израелските безбедносни сили (ИДФ) денеска информираа дека ги зазеле владините згради на палестинското исламистичко движење Хамас во градот Газа, вклучително и парламентот и владините и полициските објекти.

Хамас на 7 октомври почна со напади на Израел. Тие бараат формирање на независна држава Палестина со главен град Ерусалим.

Видеото можете да го видите тука.