Започна сликањето за лични документи без закажување: Во првиот ден фотографирани над 1000 граѓани

Од денеска започна фотографирањето без претходно закажување за нови лични документи.

Во првиот ден фотографирани се 1.047 граѓани во 12те кабини во новиот простор на МВР во скопската населба Пролет.

Граѓаните кои немаат термин за нови документи или имаат термин по 12 февруари 2024 година, можат лични документи да извадат на новиот пункт на МВР а работното време е од 8 до 18 часот