Маж ја убил сопругата, па се самоубил, љубовницата го преживеала нападот

Утрово недалеку од Крушевац, во Србија се случило страшно злосторство, каде маж пукал во љубовницата, а потоа си ја убил сопругата и сам си го одзел животот.

Иако првично беше објавено дека наводната љубовница им подлегнала на повредите, таа го преживеала нападот.

Сторителот на делото е маж од селото Милутовац, кој прво ја ранил жената за која се претпоставува дека му била вонбрачна партнерка, а потоа ја убил сопругата на патот меѓу Јасика и Кукљин, неофицијално дознава РТК.

Неофицијално, тој потоа се самоубил во својот автомобил на патот меѓу селата Страгари и Милутовац, во моментот кога крушевачката полиција го опколила за да му ја одземе слободата.