(Видео) Вело Марковски: Му забрануваме на Лавров да слета, ми пречи непријателството кон Русија

„Ние покажуваме непријателство кон Русија и мене тоа ми смета, веројатно и на секој Македонец. Многу големи држави си седат неутрални, а ние забрануваме Лавров да слета, протеруваме руски дипломати, даваме изјави така лесно дека ќе одиме во Украина и ќе се бориме. Нема потреба бидејќи во моментот картите на светот се прекројуваат“, истакна Марковски.

Тој останува на ставот дека коронавирусите се лесни инфекции и немало потреба од карантинот кој беше воведен поради коронавирусот.

„Тврдам, корона инфекциите сами по себе се многу лесни. Ние всушност овие смртни случаи ќе ги имавме од горно респираторни инфекции од пневмонии ги има, само се препокрија, се ставија дека се од Ковид-19“, вели Марковски.

Целото интервју со првиот претседателски кандидат Вело Марковски во кое зборува за предметот против него, кандидатурата на изборите и како тој ќе се постави доколку стане шеф на државата, гледајте го утре во 10:30 часот на А1он.