Се зголемува износот на К-15 кој треба годинава да го добијат работниците

Се зголемува минималниот износ за К-15, кој, за оваа година ќе изнесува најмалку 14.000 денари, велат новите пресметки, објави Biznispro.com.

К-15 расте со растот на просечната плата. Според пресметките ваквата бројка се добива кога ќе се земат предвид последните просечни месечни плати што ги објавил Државниот завод за статистика и кога од нив ќе се пресмета правото на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти

Исплатата на К-15 или регрес за годишен одмор законски започна од 1 јули годинава во сите фирми и институции во државата, зошто не постои компанија која е ослободена од плаќање на регрес за годишен одмор кој им следува на работниците.

Законскиот рок до кога мора да се исплати К-15 е 31 декември.

Оваа година К-15 ќе добијат и административците од 10.000 денари, а од наредната година сумата која ќе им се исплаќа на буџетарите ќе биде 30 отсто од просечната плата.

Казните за неисплатен К-15 се високи и достигнуваат неколку илјади евра.