Поскапе рускиот гас во Македонија

Поскапе рускиот гас кој земјава го носи од Бугарија. Најголемата домашна компанија која тргува со овој енергенс веќе ги вкалкулирала оние 10 евра по мегават час, кои источниот сосед почна да ги наплаќа како такса.

Од рускиот гас е зависна и електраната ТЕ ТО, која овој енергенс го користи за производство на струја, која потоа ја продава на слободниот пазар, но произведува и топлинска енергија за парно. Според министерот за економија Крешник Бектеши, овие две фирми веќе станале неконкурентни на пазарот. Граѓаните не треба да се плашат од зголемување на цената на парното поради ова, вели минстерот, кој уверува дека нема опасност ниту за дел од индустријата. Земјава речиси половично се ослободи од руски гас, кога лани ослободи 180 милиони нормални метри кубни гас во гасоводот со Бугарија, вели тој.

Сепак, Бектеши вели дека ако за парното треба да се користи топлинската енергија од ТЕ ТО тогаш, тоа би можело да има влијание врз цената. Поради променливоста на цените на овој енергенс, слободните економски зони за компаниите кои работат во нив купуваат гас месец за месец. Првиот човек на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски вели дека гасот кој го купиле за ноември е по иста цена како и претходно.

На денешниот настан, се случи вербален конфликт помеѓу новинар кој сакаше да постави прашање и премиерот Ковачевски.

Стравувањата од нови поскапувања се подгреаја кога Бугарија најави дека еднострано воведува такса на рускиот транзитен гас, од кој се снабдува и земјава. Засега, надлежните велат дека тоа нема да има никакво влијание ниту за граѓаните, ниту за бизнисот.