Калиопи прекина концерт во Белград откако почина жена во публиката

Македонската пејачка Калиопи која вчеравечер требаше да одржи концерт во салата МТС во Белград го одложи истиот откако на една жена во публиката и се слоши и за жал почина, пишуваат српските медиуми.

Госпоѓата која пристигнала на концертот со другарките и ќерката, наеднаш изгубила свест и колабирала, поради што веднаш била повикана брза помош.

На несреќната жена која има околу 70 години и е извршена реанимација, но безуспешно.

Медиумите наведуваат дека Калиопи е многу потресена и дека со солзи излегла од салата и концертот веднаш бил прекинат.

Публиката потоа ја напуштила салата.

Полицијата е на лице место и врши увид.

Според српски „Курир“, концертот се одложува за декември.