Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман заврши на Би-би-си откако неспретно, при поздравување, ја бакна германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок, што таа го избегна.
Радман додека се сликаше на конференцијата за зајакнување и проширување на Европската унија во Берлин, се обиде да ја бакне германската шефица на дипломатијата Аналене Бербок, од што таа избега. Таа изгледаше прилично збунето и продолжи да гледа кон камерите, додека Грлиќ Радман само се насмевна.
Би-би-си пишува дека непријатниот бакнеж на Грлиќ предизвикал контроверзии и бил критикуван од повеќе медиуми и активисти. Тие ја цитираат Рада Бориќ, активистка за правата на жените, која ова го нарече „крајно несоодветно“, пренесува Индекс.хр.
Gelebte feministische Außenpolitik!
Vielleicht hat sich Frau #Baerbock einfach zu lasziv verhalten mit ihrem Lächeln und das Paarungsverhalten von Gordan Grlic-Radman angeregt?
Dabei wollte er doch nur eine Außenministerin von innen erleben. So viele gibt ja nun mal auch nicht! pic.twitter.com/wR0bDoXdba— 🅳🅾🅲 🇩🇪 #StandWithGermany 🤡🌍 (@Doctor_Germany) November 3, 2023
Грлиќ Радман рекол дека можеби бил незгоден момент и се чудел како некој го снимил.
– Можеби тоа беше непријатен момент. Како колеги, ние министрите секогаш срдечно се поздравуваме. Ако некој видел нешто лошо во тоа, тогаш се извинувам. Авионот доцнеше, па се видовме само за семејната фотографија. Не знам како некој го снимил. Седиме еден до друг, комшии сме. Тоа беше многу добра конференција. Можеби излезе незгодно – рече тој.
На прашањето дали таа му забележала, хрватскиот шеф на дипломатијата рече дека не знае што е проблемот.
– Не знам што беше проблемот. Не видов, не бев свесен. Секогаш срдечно се поздравуваме. Тоа е топол човечки пристап кон колегата… – рече Грлиќ Радман.
Аналена Бурбок засега не коментира ништо.