Прекинат сообраќајот на патот Куманово – Кратово

Од 10:20 часот патот Куманово-Кратово, Куманово-Кр.Паланка е затворен за сообраќај, поради одрони на патот кај с.Ругинце. Екипите на Македонија пат се упатени на лице место и работат на расчистување на одронот, информираат од АМСМ.

Оттаму препорачуваат внимателно возење низ клисурите поради можна појава на одрони по синоќешните дождови.