„Ништо нема да не спречи“: Нетанјаху вели дека ИД се приближува до периферијата на Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелската армија по копнен пат влегла во периферните делови на градот Газа, но имала и болни загуби.

Во соопштението од Канцеларијата за медиуми на израелскиот премиер, се наведува дека Нетанјаху зборувал за време на посетата на воена база.

„Постигнавме многу импресивни успеси. Се приближуваме до периферијата на градот Газа. Претрпевме болни загуби“, рече Нетанјаху.

Тој посочи дека се постигнува напредок на теренот и го повтори својот повик до цивилите во северниот дел на Појасот Газа да одат на југ.

Ништо не може да не спречи, нема да стоиме во место со операциите за неутрализирање на Хамас, изјави премиерот на Израел.