Првоосомничениот во предметот „Синџир“ доби 30 дена притвор

Првоосомничениот во предметот „Синџир“, кој беше недостапен на органите на прогонот, е обезбеден, и му е одреден притвор од 30 дена, соопшти Јавното обвинителство.

Тој се сомничи дека е еден од тројцата организатори на групата кои со даночни малверзации го оштетиле буџетот за скоро 8 милиони евра.

Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и Финансиската полиција на 30 октомври соопштија дека во акцијата со кодно име „Синџир“ се уапсени 20 сопственици и директори на 28 фирми, а шестмина луѓе беа недостапни. За 13 осомничени судот определи ефективен притвор, за еден домашен притвор, а за 12 осомничени други мерки на претпазливост.

Сашо Вучков, бизнисмен од Неготино, синоќа се појави на интервју на Јутуб канал, рече дека бил уценет да учествува во криминалната шема и најави дека сам ќе се пријави. Тој тврди дека се апсат само ситните риби.

Негови жртви, пак, тврдат дека Вучков не е наивен и терал некои негови вработени да потпишуваат во негово име.