Не помина Законот за амнестија – ЗА гласаа 17 пратеници, а ПРОТИВ беа 66

Со 66 гласа против, тројца воздржани и 17 гласа за, не помина Законот за амнестија кој министерот за правда, Кренар Лога го образложуваше пред пратениците.

Во записникот беа впишани 15 пратеници дека гласале „за“, но потоа собранискиот спикер Талат Џафери образложи дека уште двајца пратеници, Аднан Незири и Илирие Даути гласале „за“ законот да биде донесен, но тоа не влегло во системот.

„Ги повикувам пратениците да дојдат во затворот Идризово и да ги видат условите. Амнестијата ќе овозможи ресоцијализација“, кажа Лога пред пратениците, набројувајќи ги сите претходни закони за амнестија кои поминале во Собранието низ годините.

Лога претходно изјави дека „едвај чека да се потврди дека некој се грижи за сите граѓани на оваа држава, а некој друг само за неговиот двор и за големите риби“.