Во Чачак маж се разнесе со бомба на железничка станица

На железничката станица во Чачак утрово маж се разнесе со бомба. На лице место се голем број полициски службеници кои вршат увид.

Според неофицијални информации, освен мажот кој е повреден, нема други повредени лица.

Случајни минувачи го виделе човекот додека седел на клупа, по што го активирал експлозивот и се разнел.

Според други очевидци, пред оваа несреќа поминал патнички, а потоа и товарен воз, па се претпоставува дека човекот чекал да биде сам за да ја активира експлозивната направа.
Седел сам на клупата која била одвоена од другите.