Направиле бункер за дрога во автомобилот – уапсени две лица во Белград, запленети 6 килограми кокаин

Припадници на МВР – Управа за криминалистичка полиција во соработка со Вишото јавно обвинителство Белград ги уапсија А.Н.(1994) и А.С.(1997) од Белград поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело неовластено изработување и дистрибуција на наркотична дрога и заплени околу 6 килограми кокаин.

Полицијата ги уапсила осомничените во населбата Филмски град и по прегледот на автомобилот „цитроен“ што го користеле открила специјално направен бункер, во кој биле пронајдени шест пакувања со кокаин со вкупна тежина од околу 6 килограми.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.