Продолжен лет и вистинска драма: Авион кој полетал од Охрид два пати слетувал

Продолжен лет и вистинска драма се случила во авион кој во саботата (28.10) од Охрид полетал за Малме, Шведска, пренесува порталот на албански јазик Флака.

Според зборовите на еден од патниците авионот кој од Охрид полетал за Малме, прво принудно слетал во Вроцлав, Полска, бидејќи на една постара жена ѝ се слошило.

Летот продолжил и авионот потоа повторно полетал за Малме, но овој пат поради проблем со моторот, повторно слетал во Гдањск, Полска.

Како што раскажал еден од патниците, настаните предизвикале паника и нервоза меѓу сите патници на авионот, кој по многу часови конечно пристигнал на вистинската дестинација во Малме, Шведска.