За време на посетата на Старата скопска чаршија, тројцата лидери на албанскиот опозициски фронт, лидерите на Алтернатива, Беса и Демократско движење, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити одржаа кафе-средба со граѓаните, што е прва од ваков вид и ќе стане традиционално. Во оваа прилика, тројцата лидери на албанскиот опозициски фронт за медиумите изјавија:

Владината коалиција по прашањето на изборите се однесува како разгалено дете кое мисли дека ако топката привремено е во нивните раце може да условуваат. Власта е делегитимирана, граѓаните едвај чекаат на избори и формално да ја отпуштат од должност. Колку побрзо се отрезнат толку подобро за државата. Секое понатамошно инаетење ќе создаде потенцијал за уставна криза која на среден рок ќе предизвика многу штетни последици. Затоа, ДУИ и СДСМ мора да сфатат и да прифатат дека не се повеќе во позиција да диктираат што ќе се случува. Изборите ќе ги изгубат на еден или на друг начин. Прашање е само колку ќе ги мачат граѓаните пред да се соочат со грубата за нив реалност. За нас приоритет број 1 е создавањето на предуслови за слободни, фер и демократски избори. До нас стигнуваат информации дека Бујар Османи, се обидувал претседавањето со ОБСЕ да го злоупотреби за влијание врз одлуката за бројот на набљудувачи на изборниот процес. Јасно порачуваме дека точно знаеме на што се подготвени за да се обидат да го заштитат нелегално стекнатото богатство. Разработуваме сериозна стратегија за справување со сите евентуални злоупотреби. Здружената Албанска опозиција има легитимитет да бара соодветна застапеност во изборните органи. Земајќи предвид дека пратениците Фадиљ Зендели и Сафијe Садики Шахини, поднесоа конкретна иницијатива за пополнување на нашето место член на ДИК, бараме пратениците на ДУИ и СДСМ да не бараат изговори за да ја одолговлекуваат или евентуално со нерационални толкувања да избегнат исполнување на законската обврска. Што се однесува до тоа дали претседателските и парламентарните избори треба да се одржат во исто време или раздвоени, сметаме дека е целосно нерационално да се прави двоен трошок, но сакаме да ги чуеме аргументите на ДУИ и СДСМ со кои пред граѓаните ќе ја бранат оваа ирационална позиција. Подготвени сме за двете сценарија.

Во оваа прилика сакаме да искажеме благодарност до нашите меѓународни сојузници кои засега ја спречуваат авантурата на ДУИ за враќање на Груевски во Скопје.

Врховниот Суд на прашањето на важноста на аболициите на Ѓорѓе Иванов покажа интегритет и се спротистави на политичкиот притисок. Сепак, повикуваме на будност, бидејќи како и секој друг очајник, така и ДУИ се фаќа за сламка.

Нашите извори кажуваат дека ДУИ одамна е откажан од Уставните измени, и дека единствената причина за враќањето на Груевски е на таков начин да издејствува пазар со раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Се надеваат дека Груевски ќе им обезбеди позиција и со изгубени избори да можат да издејствуваат концентрациона Влада за која ќе се пазарат и со пратениците на СДСМ. Време е ДУИ да ги слушаат пораките и на министрите од Алијанса на Албанците. И опозиција е за луѓе.

Албанците на изборите ќе им ја испорачаат фактурата на ДУИ. Нема прошка за кокетирањето со Груевски кој е политичарот кој не само што нанесе штета на Албанскиот народ туку како Премиер со антиквизацијата ја оддалечи државата од ЕУ.

Врвно лицемерие е сега ДУИ да манипулира дека Груевски ќе ни ги донесе ЕУ вредностите од Будимпешта.

Со оглед на фактот дека Холандскиот Амбасадор јасно ни порача дека нашето општество е затруено од системска корупција и без искоренување на ова зло нема што да бараме во ЕУ, сметаме дека во овој формат е добро јасно да го декларираме следното. Како Здружена Албанска опозиција имаме најмалку три фундаментални услови за учество во Владина коалиција после парламентарните избори. Сите се поврзани со Уставни измени.

Првиот услов е нашиот напредок кон ЕУ. Со тоа компромис не правиме. Нема да коалицираме со други политички сили кои не се подготвени за сериозно придвижување на овој процес кој мора да заврши со полноправно членство во ЕУ.

Вториот услов е усвојувањето на Уставниот амандман за спречување на застарувањето на кривичниот прогон за злоупотреби сторени од избрани и именувани лица во извршната, законодавната и локалната власт. Тоа е неопходен услов за вистинска и неселективна борба против корупцијата и прв чекор за промена на менталитетот на политичките партии при практицирање власт. Сите кои се богатат врз грбот на народот има да одговараат

Третиот услов е бришењето на срамната уставна формулација за Албанскиот јазик. Недозволиво е за еден конститутивен народ како што се Албанците во Северна Македонија мајчиниот јазик да се опишува со проценти. Крајно време е да ги оставиме зад нас ретроградните политики кои делат наместо да не зближуваат уште повеќе.

На новинарското прашање дека сте промовирани како здружена опозиција, но сепак се уште немате партиски одлуки за опозициска соработка, Албанскиот опозициски фронт изјави: „Ја користиме приликата да ве информираме дека во наредните денови органите на секоја од нашите партии ќе одржат нивни внатрешни состаноци, на кои очекуваме да се донесат важни одлуки, како што е подготвеноста и формализирањето на соработката меѓу нашите опозициски партии, вклучувајки ја и одлуката за името, логото и сл. Ние веќе работевме во оваа насока, но треба да чекаме одобрение од партиските органи. Така, откако овие одлуки ќе бидат официјално доставени до нашите органи, медиумите и јавноста ќе бидат известени и следствено од следната недела ќе имаме можност да ја официјализираме нашата коалиција. Кратко и јасно, од понеделник натаму, на некои луѓе и субјекти ќе им се уништи удобноста, затоа што ќе ја почувствуваат молњата што доаѓа, но за Албанците ќе се роди надеж за промена“.