Ковачевски ја повика ВМРО-ДПМНЕ да испрати свој претставник во работната група за изборите

Премиерот Димитар Ковачевски ја повика ВМРО-ДПМНЕ да делегира свој претставник во работната група која функционира во Министерството за правда, на која се разговара за измените на Изборниот законик и препораките на ОБСЕ, а на која може да се разговара и за тајмингот на претстојните избори.

Тој смета дека секој друг формат на договарање би бил вон-институционален.

ВМРО-ДПМНЕ изминатите денови предупредуваше дека е неопходно партиите да седнат и да се договорат.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери нагласи дека краен рок за таков договор е Нова Година.