(Фото) Патриотска прослава на голот на Миовски – ги „пецна“ Грците со знакот за Обединета Македонија
Maкедонскиот репрезентативец Бојан Миовски одигра одличен натпревар, но сепак неговиот Абердин запиша пораз во Конференциската лига од ПАОК на домашен терен.
На стартот од вториот дел Миовски го отвори резултатот, а набрзо потоа и асистираше за водство од 2:0 на шкотскиот тим.
Македонецот погодокот го прослави токму пред навивачите на ПАОК и ги поздрави со знакот за Обединета Македонија.
🤫 👌#StandFree | #UECL pic.twitter.com/GYDmE2V5i7
— Aberdeen FC (@AberdeenFC) October 26, 2023
ПАОК од 73. минута до крајот на средбата постигна три гола за голем пресврт и освојување на трите бода.