Алжирец од Ница суспендиран поради „бранење на тероризам“
Челниците на Лига ѝ му изрекоа казна на Јусеф Атал, дефанзивецот на Ница поради објава на социјалните мрежи.
На почетокот на месецов Атал објави порака која беше декларирана како антисемитска, тој е обвинет за „бранење на тероризам“ и навреда кон Евреите. Видео објавата на алжирскиот фудбалер беше палестински свештеник кој дава антисемитски говор, но по реакцијата тој бргу го избриша видеото.
Ница веќе го суспендира самиот фудбалер, но сега тој доби и казна од Етичкиот комитет на ФС на Франција. Атал е суспендиран на седум натпревари во Лига, што е сериозна казна иако самиот играч се извини и се објаснуваше за објавата.