Зеленски: Најверојатно цел на руските дронови била нуклеарната централа Хмелницки

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во нападот на руските беспилотни летала денеска во областа Хмелницки, најверојатно цел била областа на истоимената нуклеарна централа.

„Најверојатно цел на овие напади е нуклеарната централа Хмелницки. Ударниот бран од експлозијата ги потресе прозорците, вклучително и просториите на нуклеарната централа“, рече Зеленски.

Според него, секој руски напад, особено оној што се осмелува да ги таргетира нуклеарната централа и другите клучни објекти, е доказ дека притисокот врз Русија е недоволен.

Силните експлозии во близина на местото на нуклеарната централа „Хмелницки“ ги оштетија прозорците, но не влијаеја на работата на централата или нејзиното снабдување со електрична енергија.