
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска патува за Брисел каде ќе се сретне со европските претставници.
Таму ќе биде и косовскиот премиер Аљбин Курти, но тој и претседателот на Србија нема да имаат заедничка средба.
Целта на денешните поединечни средби е да се разгледа европскиот предлог за формирање на Заедница на српските општини.
Вучиќ пред денешните средби изјави дека планирани се разговори со Шарл Мишел, Жозеф Борел, Мирослав Лајчак и европското трио – Емануел Макрон, Олаф Шолц и Џорџа Мелони.
Иако тој рече дека српската страна инсистирала средбите да бидат во формат „1+1“, тоа било одбиено и сега тој ќе биде сам на средбите како претставник на српската страна.
Владата на Косово пак соопшти дека за нив прифатлив е европскиот предлог, а според Вучиќ со европскиот предлог се чука на отворена врата но додаде дека сепак „финтите се во деталите“.
Тој потенцираше и дека очекува во разговорите во Брисел да се користи инцидентот во Бањска, со единствена цел да се изедначи вината.