Русија тврди: За првпат од почетокот на војната, соборивме две американски ракети АТАКСМ и два ХИМАРС!

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека уништило два ракети АТАКМС од американско производство, за прв пат од почетокот на војната во Украина.

„Во изминатите 24 часа се уништени две оперативно-тактички проектили ATACMS од американско производство, противвоздушна ракета С-200, две противрадарски ракети HARM, како и два системи HIMARS“, се наведува во соопштението, пренесува РИА.

Се додава дека биле соборени два украински ловци МиГ-29 и јуришен авион Су-25.

ATACMS е оперативно-тактичка балистичка ракета на американската компанија „Локид Мартин“ која има дострел до 300 километри.