Војник на КФОР загина во сообраќајна несреќа на Косово

Припадник на италијанската армија како дел од КФОР загинал во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Пеќ – Клина, соопшти командата на КФОР.

„Околу 15 часот и 30 минути, италијански војник од базата на КФОР во Нови Село кај Вучитрн бил жртва на сообраќајна несреќа што се случила на патот Пеќ – Клина“, се наведува.

Војникот во критична состојба и онесвестен со хеликоптер бил пренесен во американската болница во Приштина, но околу 16:50 часот им подлегнал на повредите. Во возилото во несреќата имало уште еден војник кој во свесна состојба бил префрлен во италијанската база Вилаџо, а потоа во кампот Филм Сити во Приштина на дополнителни лекарски прегледи.

Командантот на КФОР и турски генерал Озкан Улутас изрази сочувство до семејството на жртвата и на повредениот припадник на КФОР му посака брзо закрепнување. Меѓународната воена полиција во соработка со косовската полиција работи на утврдување на околностите во кои се случила несреќата. Полицијата претходно за Телеграф потврди дека се судриле камион со локални регистарски таблички и возило на КФОР.