Нетанјаху до војниците: Доаѓа следната фаза!

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во своето обраќање пред војниците сугерираше дека се уште се планира копнена офанзива на Појасот Газа, иако најавената акција се уште се одложува, пренесува „Си-Ен-Ен“.

– Ни претстои следната фаза, таа доаѓа. Вие го знаете тоа и сте дел од него, вие сте дел од авангардата – им порача Нетанјаху на припадниците на единицата Јахалом, специјална единица на борбениот инженерски корпус, која е обучена за извршување на специјални инженерски задачи.

Во соопштението од кабинетот на израелскиот премиер се наведува дека за време на посетата на базата Имануел, Нетанјаху бил информиран за последните активности на единицата и нејзината подготовка за иднината.

– Имаме само една мисија – да го уништиме Хамас. Нема да застанеме додека не го завршиме тоа, со ваша помош. Се потпираме на вас, народот на Израел се потпира на вас – рече Нетанјаху.