
Пејачката Елена Ристеска во СВР Скопје пријавила дека во угостителскиот објект „Интермецо“, во Центар, со тврд предмет била физички нападната од Е.Т. (женско лице).
Но, сега пејачката на својот инстаграм-профил потврди дека навистина се случил немилиот настан. Во продолжение во целост ви ја пренесуваме нејзината објава на социјалните медиуми:
„Чувствувам должност и почит спрема целата јавност и новинарите да ви се обратам околу натписите каде се споменува моето име. Да, точно е дека имаше обид за напад кон мене, но за истото е поднесена кривична пријава и очекувам од полицијата да го разреши случајот. Очекувам поддршка од сите вас бидејќи ова ми се случи без причина и повод. Не се грижете јас сум добра, ви благодарам на сите кои ми пишувате да изразите поддршка. После 21 година кариера, градење на име и реноме на пристојна и нескандалозна личност, ова за мене е нешто што мислам дека најмалку сум го заслужила и го гледам како обид да се извалка моето име. И покрај сето ова, јас продолжувам да пеам за моите фанови.“