Двајцата повредени од пукањето во „Ист Гејт“ во сериозна состојба

Директорот на градската болница Љубен Арсенков, за ТВ21 изјави каква е состојбата на двајцата повредени во пукањето во „Ист Гејт Мол“ денеска попладне.

„Примени се двајца пациенти со прострелни рани, во пределот на стомакот и градниот кош на различни позиции, едниот веднаш по приемот и првичниот преглед е препратен на Клиниката за торакална хирургија, а со другиот пациент веднаш е влезено во операциона сала“, вели директорот на болницата Љубен Арсенков во изјава за ТВ21.