Повторно пукање во Ист Гејт

Пукотници со огнено оружје денеска повторно се слушале во трговскиот центар Ист Гејт, потврдија и од Министерството за внатрешни работи.

Од таму велат дека полицијата проверува за што точно станува збор, а најавуваат повеќе информации во текот на денот.

Неофицијално, повторно било пукано кон Раде Трајковски – Штекли.

Непотврдените информации се дека Трајковски е тешко повреден и се наоѓа во животна опасност.

Дел од вработените во трговскиот се евакуираат преку споредните влезови од објектот. На местото на настанот се присутни голем број полициски службеници.

На 25 август годинава, во подземните гаражи во Ист Гејт беше пукано кон Р.Т. (39) од Скопје, но тој не беше погоден од куршумите.

Маскирани лица кои пукаа од возило ауди со странски регистарски таблички избегаа од местото, а возилото беше пронајдено запалено кај езерото Треска, крај Скопје.