
Дуелот меѓу Галатасарај и Баерн во 3. коло од Лигата на шампионите имаше „крвава“ увертира во форма на тепачка меѓу навивачи на двата тима на улиците на Истанбул!
Според турските медиуми, навивачи на домашниот тим нападнале приврзаници на германскиот клуб во градот, а во таа прилика дошло до жестока тепачка со тупаници, столчиња и други тврди предмети.
Видеата веднаш се појавија на социјалните мрежи, а се забележува дека навивачите на Галатасарај направија спас за гостите кои во еден момент спасот го бараа со бегство.
Својот дуел од 18 часот и 45 минути ќе го одиграат Галата и Баерн со напомена дека Баварците се први на табелата со шест бодови, додека домашниот тим има четири.
24.10.2023, Galatasaray🇹🇷 attacked Bayern Munich🇩🇪 pic.twitter.com/T3A3juOXOD
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) October 24, 2023