Хамилтон се израдува, па му го земаа второто место

Синоќешната трка за Големата награда на САД, Хамилтон ја заврши на второто место, но откако заврши се, доби дисквалификација.

ФИА воочила неправилности кај неговиот болид. Официјалната одлука е дека во долниот дел од болидот, дрвените плочки биле премногу истрошени, поради што Хамилтон е дисквалификуван.

Тоа значи дека второто место му припаѓа на Ландо Норис, а трет е Карлос Саинц.

Од исти причини дисквалификација заработи и Шарл Леклер кој трката ја заврши на шестото место.