По примерот на Општина Аеродром, секој понеделник наставата во училиштата на територија на општина Гази Баба ќе започнува со интонирање на химната на Република Македонија.
„Нашата цел е да создадеме навика кај децата да од најмали нозе имаат почит и љубов кон својата татковина.
Химната и знамето на нашата Македонија се нераскинлив дел од нашиот повеќевековен идентитет и тие ја заслужуваат нашата должна почит.
На денешната редовна седница, Советот на општина Гази Баба ја донесе оваа Одлука која е задолжителна за сите општински основни училишта на нашата територија“ – истакна градоначалникот Бобан Стефковски.