Ковачевски: Со навремени и правилни мерки, создадаваме поволна бизнис клима

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска рече дека Владата презема мерки и поддржува иницијативи за рационално искористување на обновливите извори на енергија и нивно ставање во функција на целосна енергетска ефикасност и енергетска независност на нашата држава.

„Во услови на криза, успеавме да го зголемиме домашното производство на електрична енергија, па дури и да извезуваме струја. Од Република Северна Македонија создаваме Зелен Енергетски хаб на Европа и тоа може да го потврдат кои ги прават анализите во делот на инсталирање на обновливи извори на енергија. Нашата стратегија за развој на енергетиката до 2040 година е целосно заснована на европскиот зелен договор и веќе ја спроведуваме во земјата. Владата која јас ја предводам, ќе остане запаметена како Влада во чиј мандат е инсталирана најголема моќност на обновливи извори на енергија“, рече премиерот Ковачевски во скопски Хром.

„Уште од почетокот на енергетската криза, претходно и за време на пандемијата, носевме навремени економски оправдани мерки, помогнавме да се одржи ликвидноста на компаниите, носевме автономни царински мерки за да можат компаниите да ја задржат својата ликвидност, но и мерки од другите области кои го засегаат нивното работење, како на пример поддршката за исплата на плати на вработени, или поддршка за зголемување на платите на вработени кај нашите производни и услужни компании. За само една година ја преполовивме инфлацијата, носиме мерки во интерес на сите со цел во последниот месец од година инфлацијата да ја сведеме на 5%“, подвлече премиерот Ковачевски.