Пред Комисијата за надворешна политика седум кандидати за нови абасадори во вторник ќе ги претстават платформи за дипломатските активности со што ќе се финализира постапката пред нивното заминување во амбасадите.
Пред пратениците ќе ги бранат тезите поранешниот министер за правда Никола Тупанчески кој треба да го пополни амбасадорското столче во Белград, Србија. Нов амбасадор во Израел ќе биде Шпенд Садики од МНР, а во Полска заминува Јасмин Ќахил исто така од МНР.
Писателот и драматург Сашко Насев ќе биде новиот амбасадор во Кина, а поранешниот заменик министер за надворешни работи Андреј Жерновски заминува за Букурешт.
Нов амбасадор во Берлин ќе биде Илбер Села актуелен директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните, додека во Бразил ќе замине Игор Попов од МНР.