Мицкоски: Изборот е дали сакаме да ја гледаме Македонија како напредува или да биде заробена од политички криминалци

Државата не функционира поради основни причини, имаме луѓе кои се одговорни и што ги водат институциите, а немаат амбиција да ја водат државата напред и да ја развиваат, туку имаат амбиција што повеќе да однесат од државата за себе, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Изборот за неколку месеци од денеска ќе биде дали сакаме Македонија да ја гледаме како економски напредува и се трансформира или повторно да биде заробена од оваа коалиција помеѓу политички криминалци и оние вистинските криминалци“ – порача тој.