Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен кон крајот на месецот доаѓа во Скопје, а ова го потврди премиерот Ковачевски.
По средбата во Тирана со македонските претставници, Фон Дер Лајен доаѓа да ги претстави новите планови на Унијата за искористување на средствата пред полноправно членство. Не е исклучено во Скопје да дојде и францускиот претседател Макрон, кој неколкупати изразил таква желба. По состанокот на берлинскиот процес Ковачевски вели дека не смее да се дозволи Македонија да се оддели од Албанија и Црна Гора на патот кон ЕУ.
Иако роковите за спроведување на уставните измени како услов за продолжување на процесот, истекуваат, шефот на дипломатијата е уверен дека процесот ќе заврши успешно. Но прстот го впери во опозицијата , тие требало да донесат одлука во која насока ќе се движи Македонија.
Евроамбасадорот Дејвид Гир истакна дека усвојувањето на уставните амандмани во Македонија е суверена одлука што мора да ја донесе државата и нејзиниот парламент.
За Австрија како земја членка на Унијата важно е земјите од Западен Балкан да станат дел од Унијата, особено од безбедносен аспект, порача покраинскиот министер за Европа кој е во посета на Скопје.
До крајот на ноември истекува и рокот за завршување на скринингот, до кога и Брисел даде време за бидат завршени уставните измени.